(ВИДЕО) ХЕРОЈСКА БОРБА: Со боксови нападнал ајкула за да ја спаси сопругата!

Безгрижната забава за брачниот пар станала вистински кошмар…
Сурфер од Австралија скокнал од даската кон ајкулата што ја нападнала неговата сопруга и ја удирал се додека не ја ослободила, пренесува Би-Би-Си.
Шантел Дојл (35) сурфала на плажата Шели во Порт Меквари, Нов Јужен Велс, кога била нападната од ајкула. Нејзиниот сопруг тогаш започнал да ја удира ајкулата сè додека не ја ослободила, а потоа ја однел сопругата на брегот. Таму, случајни минувачи и дале прва помош. Дојл потоа била однесена во болница со тешки повреди на десната нога.
Експертите веруваат дека несреќната жена ја нападнала млада голема бела ајкула со големина до три метри. И’ службата за спасување го пофалила нејзиниот сопруг Марк Рапли за брзата реакција.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …