(ВИДЕО) ЖИВОТОТ Е ЧУДО: После 44. години прогледал па си го исполнил сонот да вози спортски автомобил!

Се чувствувам слободен и можам да излезам и да го правам тоа што го сакам…

Мајк Шикеровски (44) е роден со „нистагмус“, вроден дефект што го спречувал целиот живот во неговите напори да ја оствари својата најголема желба и да вози автомобил. Според канадските медиуми, ова нарушување на треперење на очите, кое не дозволува фокусирање на сликата, го довело до стадиум да биде слеп, а тоа го спречило во многу работи, како што е возењето.
Пред две години, тој бил подложен на експериментална терапија во Калифорнија. Операцијата поминала добро и Мајк за прв пат јасно прогледал.
„Прекрасно беше да се гледа, но беше дури и поубаво да се види она што го пропуштив во животот. Тоа беше емотивен слом. Мама врескаше од среќа, а жена ми беше воодушевена. Никој не очекуваше тоа да се случи”, рекол Мајк за Global News.
Но, Мајк бил среќен затоа што иднината е пред него, што значи дека ќе може да оствари некои од соништата. Еден од нив бил спортски автомобил за кој сонувал како момче. Желбата била толку силна што купил жолта Корвета уште пред да го положи возачкиот испит. Конечно, во јули, ја добил дозволата и оттогаш не се одвојува од автомобилот. Разбирливо.
„Се чувствувам слободен и можам да излезам и да го правам тоа што го сакам. Минатата недела го носев син ми на риболов. Ја возев ќерка ми на сладолед. Никогаш досега не можев да го сторам тоа. Тоа е неверојатно чувство“, рекол Мајк.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 29.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Можно е денес да комуницирате со некој од минатото кој би можел да …