(ВИДЕО) Глумиците во Холивуд се охрабриле: Ѕвездата на „One Tree Hill“ го обвинила Бен Афлек за сексуално злоставување – „Бев дете!“

Многу меѓу кои и глумицата Роуз МекГовен, изјавата на Афлек дека е „тажен и лут“ поради обвинувањата на сметка на Вајнстејн не ја смета за искрена
После низа глумици кои го обвиниле Харви Вајнстајн за злоставување, се огласила и ѕвездата на серијата „One Tree Hill“, Хилари Бартон. За разлика од останатите, таа не го обвинува Вајнстајн туку Бен Афлек, кој наводно ја „плескал“ за време на неговиот настап во нејзиното шоу TRL во 2003. година.
Особено затоа што една корисничка на Твитер се сетила на однесувањето на Афлек.
„Ја допираше по градите на TRL. Но, тоа сите го заборавија“ напишала таа.


Набргу се огласила и самата Бартон која одговорила.„Јас не заборавив“.
„Жал ми е што се случи тоа, грдо е што луѓето никогаш не ги споменуваат сите ужасни работи кои тој ги правел“ додала обожавателка.
„Ти благодарам на тоа. бев само дете“ напишала Хилари.


Споментиот инцидент се случил во 2003. година кога Хилари имала 21. година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …