Славен глумец открил дека во Холивуд бил сексуално злоставуван:„Ме грабна за генит……“

Неодамна во Холивуд избил вистински скандал кога еден од најмоќните луѓе во филмскиот свет, Харви Вајнстајн, е обвинет за сексуално злоставување.
Оваа приказна поттикнала уште една ѕвезда да излезе во јавност и открие дека бил жртва на слично однесување. Станува збор за глумец и бивш играч на американскиот фудбал, Тери Крус.


На својот Твитер профил со обожавателите споделил дека цела приказна околу Вајнстајн му президвикала ПТСП бидејќи и нему му се случило да го „допира високо рангиран холивудски директор“ во текот на една забава која минатата година ја посетил со сопругата.
„Ме фати за гениталиите. Се оддалечив од него и го прашав што прави, Мојата сопруга виде се, а тој само се насмевна како кретен“ напишал глумецот.

Тој тврди дека посакал да го претепа на лице место, но дека сфатил дека последици ќе има само тој.
„Црнец од 108. килограми напаѓа холивудска фаца. Веќе ги видов насловите во весниците. Единствено што не би можел да ги читам тие весници бидејќи би бил во затвор“ вели тој.
Крус додал дека одлучил ова приказна да ја сподели за да предупреди на сексуалните предатори и да објасни дека сфаќа зошто многу жени премолчуваат такви видови злоставувње.

„Кој ќе ти верува? Никој! Какви се последиците: Многу. Сакаш ли повторно да работиш? Да! Дали си подготвен на исклучување: Не!“ напишал огорчениот глумец.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …