(ВИДЕО) Германец во карантин запеал на балкон: Поради нервозната реакција на сосетката станал хит

Снимката на Италијанците кои се присилени да бидат во домашна изолација пронашле начин со песна да си ги олеснат едни на други тешките денови и го воодушевиле светот.
Се чини дека нивното заедништво инспирирало еден Германец во својот кварт да ја покрене истата работа, но реакцијата која ја добил била тотално поинаква.


Deutschland in Quarantäne!

Die Italiener haben es mit schönem Gesang vorgemacht! Wie wäre es wohl in Deutschland?


Gepostet von Freshtorge am Samstag, 14. März 2020

Имено, тој излегол на балкон и почнал евсело да ја пее „99 Luftballons“, но неговите соседи не биле ниту малку импресионирани.
Не само што никој не му се придружил туку предизвикал бес кај една сосетка која почнала да му вика да „си ја затвори устата“, а потоа му се заканила и со полиција. Нејзиното живчано викање ги насмеала другите граѓани во коментарите, а видеото го погледнале повеќе од пет милиони луѓе.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …