НОВА АНАЛИЗА ОД КИНА – ЛУЃЕТО СО КРВНАТА ГРУПА „А“ СЕ НАЈЗАГРОЗЕНИ ОД КОРОНА: Кинеските научници дошле до ново откритие – еве која група е најотпорна!

Луѓето со крвна група А (II) се најподложни на инфекција со коронавирус, додека оние со нулта крвна група се најотпорни, се вели во студијата на група кинески научници објавена на веб-страницата medRxiv.
Кинеските научници прегледале податоци од 2.000 пациенти од болници во Вухан и Шенжен, вклучувајќи и повеќе од 200 смртни случаи.
Според нивните податоци, 34% од жителите на Вухан имаат крвна група 0, 32% тип А (II), 25% Б (III) и 9% АБ (IV).
За да ги добијат овие информации, научниците ја анализирале крвта на 3.700 граѓани од Вухан кои не се заразиле со коронавирус.
Од друга страна, најзаразени жители на Вухан (38 проценти) се оние со крвна група А, додека 26,4 се заразени со крвна група Б, а 25,8 проценти имаат нулта крвна група. Најмалку пациенти, десет проценти, се оние со крвна група на АБ.
Според студијата, најранливи се оние со крвна група А, додека оние со нулта група,се најмалку погодени се вирусот КОВИД-19.
За да ја тестираат нивната теорија, тие направиле контролна студија на 398 дополнителни пациенти од Вухан и Шенжен и добиле ист резултат.

Извор: Tanjug


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ ЈАС“ во чест на Пикасо од Македонскиот керамичар Филип Фидановски ќе биде поставена во Хрватска

Керамика мултиплекс 2024, КЕРАМЕИКОН -ДРУШТВОТО НА КЕРАМИЧАРИ НА ХРВАТСКА Ви ја претставува изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ …