Путин го внесува Бог во Уставот на Русија:„Вредноста на верата во Бога е израз на почит кон милиони наши сограѓани…“

Предлогот да се спомене Бог во рускиот устав неодамна го дал Московскиот Патријарх Кирил…
Рускиот претседател Владимир Путин го внесува Бог во Уставот на Руската Федерација. Нацрт-амандманот на Уставот е поднесен, а споменувањето на Бог е без да се прецизира терминот од религиски аспект. Во текстот на предложениот амандман се вели: „Руската Федерација, обединета со илјадници години историја, го зачувува споменот на предците кои ни ги дадоа идеалите и вербата во Бога“.


Друг пропишан амандман е дека бракот е заедница помеѓу маж и жена.
Путин, исто така, во основниот закон предлага да стои дека Русија е наследничка на Советскиот Сојуз, истовремено спречувајќи отуѓување на делови од територијата на Руската Федерација и повикува на тоа. На републиките на Руската Федерација им се дава право да ги користат своите национални јазици како нивни национални јазици на еднаква основа со рускиот јазик.



Предлогот да се спомене Бог во рускиот устав неодамна го дал Московскиот Патријарх Кирил, образложувајќи дека спомнувањето на вредноста на вербата во Бога во Уставот ќе го зајакне историскиот и духовниот континуитет на народите во Русија кои не се перцепираат себеси надвор од религијата…
„Вредноста на верата во Бога е исто така израз на почит кон милиони наши сограѓани кои биле прогонувани само затоа што не сакале да се одречат од верата. Оваа идеја мора да ја разберат дури и луѓето кои се далеку од религијата“, рекол Кирил.
Извор:religija.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …