26. годишна мисица загинала во стравична несреќа во Сан Диего,откако „Ламборџини“ кој го возел милионер се забил во палма и изгорел.
Стефани Ривера Камарена, „Miss Earth Baja California“ за 2015. година, откако после сударот излетала од луксузното возило и од здобиените повреди починала во болница.
33. годишниот Мајкл Ламас, милионер кој своето црство го изградил со бавење медицинска марихуана, бил зад управувачот, а после кобниот судар и’ тој починал.
Како што пишува Daily Mail, Ламас од сојузниот суд очекувал пресуда во случајот во кој жртвите, наводно, ги оштетил за 10. милиони долари.
Полицијата вели дека возел повеќе од 160. километри на час кога ја загубил контролата над зелениот спортски автомобил и се забил во палма. Не откриле дали во телото имало траги на алкохол или дрога.
Манекенката која по потекло била од Мексико, ја опишувале како харизматична, а на страниците на изборот на убавина на кои учествувала и оддаваат почест.