Тони Цетински во изолација: „Не можев да одам на погребот. Скршен сум…“

Вчера на гробиштата во Ровињ беше погребан 62.годишниот Ибрахим Кевљанин, кој настрада во сообраќајна несреќа во која учествуваше Тони Цетински.
На погребот присуствувало семејството и најблиските пријатели на починатиот, но не и хрватската ѕвезда.
„Сакав да одам, но не можев да соберам сила. Не можам. Скршен сум. Не сум ниту во Ровињ, таму не сум добро“, изјавил Цетински во телефонскиот разговор за „РТЛ“.
Тони Цетински ги откажа и сите концерти кои требаше да ги има во ноември.
62.годишниот Ибрахим, човекот кого Тони Цетински го прегазил со автомобилот, е испратен во вечниот дом. На гробиштата не се појавил ниту пејачот, ниту било кој од неговото семејство.
„Тоа и се очекуваше, преголем е Тони Цетински за малите луѓе како нас“, рекла една пријателка на покојниот.
Но, за сите присутни на погребот поважно било како се чувствува синот на починатиот Ибрахим, кој тргнал на погребот, но му се слошило и итно бил префрлен во болница.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …