(ВИДЕО+ФОТО) Промотивни концерти на Каролина со новиот албум „Извор“ во МОБ!

После блескавиот концертен маратон од пред четири години, Каролина и нејзиниот бенд повторно се враќаат во Македонската Опера и Балет, со четири последователни концерти, на 23, 24, 25 и 26-ти февруари.
На концертите публиката за прв пат ќе има можност да ги чуе во живо сите нови песни од долгоочекуваниот албум на Каролина насловен „Извор“, а ќе се потсети и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“.
Влезниците за сите четири концерти ќе бидат пуштени во продажба по цена од 800. денари, од 24-ти јануари, во 9. часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС.
Со секоја купена влезница следува подарок- луксузно дигипак издание од албумот „Извор“, кое ќе може да се подигне веднаш по завршувањето на концертите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …