(ВИДЕО+ФОТО) САГ награди: Триумф на „Три билборди“ – Хали Бери повторно го освоила вниманието на црвениот тепих

Наградите САГ кои во Лос Ангелес ги доделува Здружението на филмски и телевизиски глумци, минале во знакот на филмот „Три рекламни паноа на приодот Ебинг, Мисури“ кој ја добил главната награда…


Филмот „Три билборди пред Ебинг во Мисури“, драма на Ирецот Мартин Мекдонаг, ја освои главната награда САГ (Американската асоцијација на филмски актери), која на некој начин се смета за показател за претстојните Оскари.
Овој филм се вброи меѓу фаворитите за Оскар, заедно со фантастичната мелодрама „Обликот на водата“ на мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо.
Френсис Мекдорманд, главна актерка од филмот „Три билборди“, горчлива драма за мајка што изнајмува паноа за да протестира поради бавната истрага за смртта на нејзината ќерка, ја освои наградата за најдобра актерка во главна улога.

Мекдорманд сега се смета за главна кандидатка за Оскар во посочената категорија, исто како и Гери Олдман во машка конкуренција. Овој 59-годишен Британец доби награда САГ за улогата на Винстон Черчил во филмот „Најмрачниот час“.
Наградата за најдобра споредна машка улога ја освои Сем Роквел за „Три билборди пред Ебинг во Мисури“, а за најдобра споредна женска улога беше наградена Алиса Џенеј за остварувањето во филмот „Јас, Тоња“, во која ја глуми амбициозната мајка на американската репрезентативка во уметничко лизгање, Тоња Хардинг.

Серии
Од сериите за најдобра е прогласена „Ова сме ние“, а како најдобри актери во серија во машка и во женска конкуренција победија Стерлинг К. Браун („Ова сме ние“), односно Клер Фој („Круната“). Во лимитирани серии повторно за најдобра актерка е прогласена Никол Кидман, а од актерите Александар Скарсгард, двајцата за улогите во „Големи мали лаги“.

Жените главни
Како и при доделувањето на Златните глобуси, така и на оваа церемонија во центарот на вниманието беа секс скандалите, поточно борбата против сексуални злосторства. Наградите ги одбележаа жените и нивните приказни за сексуално вознемирување, скандал што веќе неколку месеци го тресе Холивуд.
Обвинувања за сексуално вознемирување натера десетина моќници во Холивуд да се повлечат, дел од нив добија отказ, а дел мораа да се простат со своето место во некои проекти.
Жените, меѓу кои голем број познати актерки, го прекинаа молкот за вознемирувањата со движењето „И јас“ на социјалните мрежи и кампањата „Времето истече“.
Инаку, САГ се награди на американска асоцијација на филмски и телевизиски актери и се сметаат за показател за Оскарите, кои годинава ќе се одржат на 4 март.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …