(ФОТО) Елен Помпео во „Вовед во анатомија“ ќе заработува по 20. милиони долари за сезона:„Не сум алчна…“

„Сакав поголема моќ и чувство на сопственост над серијата. Кога корпорацијата Дизни заработи три милијарди долари на нешто од што си ти дел почнуваш да веруваш дека и ти заслужуваш ’парче’од колачот“ вели глумицата Елен Помпео.
„Конечно станувам рамноправна на машките колеги. Знам дека ќе заработам големи пари, но телевизиските и филмски студија на нас заработуваат милијарди“ рекла Елен Помпео (48).
Американската глумица потпишувајќи договор со телевизиската компанија ABC за 15. сезона на серијата „Вовед во анатомија“ станала една од најплатените ѕвезди во Холивуд. Помпео ќе добива по 575.000 долари за една епизода, односно повеќе од 20.милиони долари за сезона.


„Мислам дека не сум алчна.Кога корпорацијата Дизни заработи три милијарди долари на нешто од што си ти дел почнуваш да веруваш дека и ти заслужуваш ’парче’од колачот“ рекла глумицата. Таа смета дека се’ зависи од ставот од кој гледаш на работата. Помпео раскажала дека отишла до Шонда Рајмс, креаторката на „Вовед во анатомија“, и и’ рекла дека се согласува со тоа серијата во
иднина да се емитува на Нетфликс. Но, сакала да почувствува поттик да продолжи да го толкува ликот на докторката Мередит Греј.

„Сакав поголема моќ и чувство на сопственост над ова серија. Така договоривме поголема плата за мене“ се потсетила глумицата. Тврди дека за неа одлучувачки момент на сетот било кога нејзиниот колега Патрик Демпси (52) кој толкувал една од главните улоги, ја напуштил серијата.
„Во преговорите за хонорар повеќе не можеа да го користат против мене. До тогаш со години ми зборуваа дека ако не се согласам со договорот кој ми го нудат, дека го имаат него“ објаснила Помпео.Никогаш не објаснила дали во слична ситуација го доведувале и Патрик Демпси пред заминувањето од серијата, а кога му предложила заедно да одат на преговори околу платите ја одбил нејзината идеја. Секогаш сметала дека е неправда што повеќе заработува од неа
бидејќи таа го играла главниот лик на Мередит Греј по кој сценариото и’ настанало, англиското име на серијата „Grey’s Anatomy“.
„Побарав поради принцип да ми дадат 5.000 долари поголема плата од него но не се согласија. Во тој момент требаше да си заминам но останав. Едноставно не сакав да им дозволам да продолжат без мене како што ми се закануваа. Веројатно како мене се чувствувале бројни други глумици“ напоменала Помпео.
Таа тврди дека по отказот на Демпси побрзале да најдат нов глумец кој би го заменил што неа ја збеснало. И се јавувале додека била на одмор и барале мислење.
„Ме испитуваа може ли овој или оној, а јас бев лута. Не сфаќав зошто мораат да го заменат и не е ли добро што мојот лик може да ја продолжи серијата“ рекла и додала дека и е мило што не се откажала од „Вовед во анатомија“ и покрај тешките моменти.
Помпео која се прославила со улогата на докторката Мередит Греј, е во брак со музичкиот продуцент Крис Ајвери (51) и ги имаат ќерките Стела (8), Сиена (3) и синот Ели (1).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …