(ФОТО) Ѓорѓи Ѓорчев огорчен: „Ова што се прави со естрадата е брука“!

Поп-пејачот Ѓорѓи Ѓорчев кој на нашата јавност и е добро познат и по прекарот “македонски Том Џонс”, не може да се помири со сегашнава ситуација на македонската естрада која ја опишува како многу срамна.
„Правам концерти низ Македонија и се прашувам дали некој мисли како ми е мене? Некој да ме поддржи, да ми помогне. Никој ништо не го интересира. Па, се чудиме зошто лебот ни го земаат српските и хрватските пејачи за кои не можам ништо лошо да кажам. Многу ги почитувам нивните Тереза Кесовија, Ѓорѓе Марјановиќ, Мишо Ковач, Радмила Караклајиќ, Кичо Слабинац, нека си прават концерти во Македонија, но нашата држава мора пред се’ да застане зад нас, нашите пејачи во секој поглед. Ете, сега готов ми е седмиот албум, но никој жив не ме праша како го направив, од кои пари? Да не сте вие новинарите, нашата публика нема да знае за нас. Многу, многу жално е ова што ни се случува.
Ѓорчев потенцира дека е 25. години присутен на македонската естрада, дека е редовен учесник на фестивалот “Охрид-фест”, но дека никогаш толку не бил разочаран како што е сега.
„Само јас и групата ’Меморија’ имаме концерти кои ни се врвни. Но, што со тоа? Дали се свесни дека срцето го оставам на сцената, дека со мојата песна низ светот ја популаризирам Македонија како држава. Јас сум амбасадор на Македонија преку музиката, а со што ми возвраќа мојата татковина? Со оваа ли тотална незаинтересираност? Па, тоа е брука што прават нашите институции со тоа што се ладнокрвни кон своите музичари кон македонската естрада. Крајно време е да стават прст на чело, да се запрашаат, дали на тој човек му треба помош? Сметам дека за се сум во право и дека Македонија на нас музичарите треба да ни помогне“, констатира Ѓорѓи надевајќи се на подобри времиња!

извор:vecer.press


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …