(ВИДЕО+ФОТО) Почина таткото на Мајкл Џексон: Децата ги претворил во ѕвезди а умрел сам!

Тој е создавач на музичката група „Џексон 5“…
Џо Џексон патријарх на американската мизичка династија кој Мајкл Џексон и неговите браќа „Џексон 5“ ги претворил во светски ѕвезди, умрел на возраст од 89. години, јавил синоќа CNN.
Џексон кој живеел во Лас Вегас и бил отуѓен од поголемиот дел на семејството, бил болен од рак на панкреас, пренесуваат американските медиуми, повикувајќи се на извор близок до семејството.
Семејството Џексон го следеле многубројни скандали, судски спорови, љубомора и расправии околу парите.


Џо не бил во добри односи со Мајкл Џексон кој станал еден од најуспешните и најпознатите пејачи на светот, а умрел во 2009. година на возраст од 50. години.
Таткото на семејството бил отуѓен и од сопругата Катарина и другите свои деца, вклучувајќи ја и пејачката Џенет Џексон.

Џо Џексон, роден на 26. јули 1928. година во Фаунтин Хил во Арканзас, во 1950.ттите се обидел како боксер и гитарист, но без некој поголем успех. Работел и на кран во челичаната во Гери, Индијана кога забележал дека синовите му се музики талентирани.

Ги нарекол „Џексон 5“ и тие предводени од Мајкл станале светски ѕвезди. Но, тоа имало своја цена. Како нивен менаџер, тој ги присилувал на долги и тешки проби и често ги тепал. Мајкл во една пригода рекол дека толку многу се плашел од татко му што би знаел да повраќа кога ќе го види.
„Видов повеќе залези на сонцето отколку што ми преостанува да видам. Сонцето изгрева, и независно дали тоа ми се допаѓа или не, сонцето ќе залезе, кога ќе ми дојде времето за тоа“, напишал Џо Џексон пред два дена на Твитер.

Видете што рекол Џо Џексон во едно интервју неодамна:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …