(ВИДЕО+ФОТО) Нема славје: Меган добила „веганска“ ташна за роденден

Додека многумина прославуваат со големи и раскошни забави, едно од најважните правила во кралското семејство е од тоа нема ништо, туку прославата се одвива во мирен семеен круг …


Војвотката Меган Маркл минатата година, додека таа сè уште не беше член на кралското семејство,својот роденден го прослави на сафари во Африка. Денес, 37.тиот роденден го минува на свадбата на најдобриот пријател на сопругот Хари (33), Чарли Ван Штраубензи и снимателката Дејзи Џенкс. Од официјалниот профил на кралското семејство, и’ испратиле честитка со нејзината фотографија и кралицата Елизабета Втора (92).
„Среќен роденден на војвотка од Сасекс“, напишаа. Потоа тие се заблагодарија за сите „прекрасни” пораки упатени до Меган.

Happy Birthday to HRH The Duchess of Sussex! #HappyBirthdayHRH


A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily) on


Војвотката од Сасекс мора да се придржува до едно од златните правила во семејството, односно нема голема прослава по повод роденденот. Единствениот достоен начин за прослава е интимна прослава во најблискиот круг на семејството.
Здружението за заштита на животни PETA и’ испратило веганска чанта вредна 400. евра на дизајнер Александар Кошчикевич.

„Оваа торба е совршена за модните потреби на Меган, како и за нејзината љубов кон животните. PETA се надева дека овој подарок ќе го поттикне кралското семејство и сите нивни обожаватели да усвојат привлечни брендови“, рекла директорката на PETA, Елиса Ален.

Феминистичката, хуманитарна, разведена актерка,граѓанката Меган живееше во сосема поинаков свет отколку што живее денес. Родена е во Лос Ангелес, како дете на Дорис Радлан и Томас Маркл (74). Нејзините родители се развеле кога Меган имала шест години, но поради својата ќерка останале во добри односи.

Меган својата актерска кариера ја започнала во 2003. година, но само неколку години подоцна ја слави својата улога во американската серија “Suits”. Некои делови од серијата, како што е сцената на секс, наводно не му се допаднале на кралското семејство.

https://instagram.com/meghan_markle/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

Актерското деби на принцезата се емитувало на 14. ноември 2002. година, кога таа се појавила на малите екрани како пациентката Џил во серијата „Општа болниц“, а по таа улога чекала две години на следната. Со месеци таа безуспешно одела на аудиции и живеела во беспарица.

„Во еден момент, не можев да ја отклучам вратата на автомобилот. Не можев да си дозволам поправка, па очајно барав каков било актерски ангажман. Пет месеци паркирав, каде што никој не можеше да ме види, бидејќи морав да влезам и да излезам од автомобилот од багажникот”, рекла Меган.

Во четврта година од нејзината кариера за прв пат имала можност да глуми во телевизиски филм, по што се обидела во напната епизода на CSI NY. Потоа, во 2008. година, ја прифатила улогата во римејкот на култната тинејџ серија 90210, која поминала без голем интерес на гледачите. Во пропаднатиот акциски проект, наречен “Knight Rider” во 2009, Markle за првпат ги покажа своите атрибути со тоа што се соблекла за улогата на Ана Ортиз.

Според некои проценки за 108 епизода добиле 5,4 милиони долари, додека богатството на бабата на нејзиниот сопруг се проценува на неверојатни 530. милиони долари. Таткото на Меган, Томас Маркл, веќе кко девојче ја водел на снимање на серии каде што бил ангажиран, како што се: Свадба, Санта Барбара, Општа болница и Факти од животот.

Оттогаш па до 36. година на живот, остварила солидна актерска кариера од која се откажала поради улогата што ќе ја игра до крајот на својот живот – војвотката од Сасекс, првата жена во историјата која ја носи таа титула.

Интересно, 4 август е важен датум за кралското семејство, особено за кралицата Елизабета II. Имено, на тој ден се родила нејзината сакана мајка, покојната кралица Мајка. Родена како Елизабет Ангела Маргарита Боулс-Лион, на своите наследници,по нејзината смрт во март 2002 година, им оставила фонд со 19 милиони фунти а на нејзината ќерка Елизабета, бидејќи нејзината втора ќерка, принцезата Маргарета, починала два месеци претходно,и оставила многуброен имот вреден помеѓу 50. и 70. милиони фунти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …