(ВИДЕО+ФОТО) Мало ремек-дело: Сите зборуваат за овој ужасен хорор кој веќе стана класик

Малку кој очекуваше Џон Красински, најпознат по улогата во американската верзија на хумористичната серија “The Office”, дека ќе сними еден од најдобрите хорори во последните десет години

МАЛКУ кој очекуваше Џон Красински, најпознат по улогата во американската верзија на хумористичната серија “The Office”,ќе сними еден од најдобрите хорори во последната деценија. Но, тоа се случи и неговото „Quiet Place” (преведено како „Место на тишината”) ги зеде сите оние
заеднички места на хорор филмовите и ги склопил во речиси совршена целина.
Филмот следи четиричлено семејство кое се обидува да преживее во безмилосен свет во кој доминираат вонземски предатори кои пленот го фаќаат со звук, што значи дека преживуваат само најтивките. Преживеаните се принудени да живеат во апсолутна тишина, бидејќи секој звук што го
произведуваат може да им пресуди.


Скоро нем филм
Иако заплетот на прва делува како една од оние приказни, за кои не можете да верувате дека некои му паднале на памет, всушност станува збор за класично клише на хорор “ако писнеш, готов си” што го гледаме во речиси секој друг хорор. Сепак, тоа тука е подигнато на уште повисоко
ниво, но тајната на успехот на овој филм не лежи во нејзината оригиналност, колку во вештината на заобиколување на класичните замки на прекумерното комплицирање на едноставните премиси.
Токму тоа е причината поради која филмовите на најновиот режисерски потфат на Красински ја воодушевил критиката и публиката и во моментов има 100 отсто позитивни оценки на страницата на Rotten Tomatoes..
И’ додека многу од послабите режисери веројатно би го загубиле вниманието на публиката во моменти на продолжено молчење,Красински својот “речиси нем филм” со ситни потези го трансформира во мало ремек- дело на жанрот кое во повеќето случаи се потпира на бучава и хаос. Уште поважно од тоа е што тој создал ликови за кои се грижите, а улозите се зголемени со воведната сцена во која семејството Абот доживува трагедија, после која станува јасно дека секој од ликовите може да настрада во секој момент. Секако, не одмага ниту тоа дека актерската
екипа на врвен начин ја одработила работата. Со посебен акцент на Емили Блант, чија Евелин Абот е еден од најдобро напишаните женски ликови во овој поджанр на СФ хорор уште од времето на Елен Рипли.


Квалитети и недостатоци
Одличните актерски изведби и атмосфера буквално гледачите ги држат во тишина и тие на скоро комичен начин стануваат дел од оваа вешта животна борба, за која всушност знаете многу малку, но доволно за веднаш да ве повлече во акцијата. Не знаеме како се’ започнало, за какви суштества
станува збор и од каде доаѓаат, ниту како светот дошол до оваа точка, но во еден момент станува јасно дека ова и’ е филм од кој очекуваме одговори на овие прашања. Светот се распаѓа, и нашето внимание е фокусирано на напорите на ова семејство да преживее во тој хаос.
Влијанијата можете да ги препознаете на речиси секој чекор. Има тука Спилбергови „Ајкули“,Шијамалан во најдоброто издание, но и од „Alien“ на Скот и Камерон, а Красински и тоа како добро се носи товарот на овие референци и стои рамо до рамо со некои од најдобрите примери како што се „10 Cloverfield Lane” и „Don’t Breathe”.
Од друга страна, има и недостатоци со посебен акцент на понекогаш ефтините „тргнувања“, што е и тоа како непростлив пропуст бидејќи сепак станува збор за хорор. Оној далеку поголем проблем се крие во фактот дека филмот со многу малку дијалози донесува и некои пршања на кои не добивме договор.

Ова не е експериментален филм
Но, сето тоа е помалку битно бидејќи она што некои ќе го сметаат за недостаток, други нема ниту да го забележат, а и евентуалните недостатоци остануваат во сенка на бројните квалитети и неколку незаборавни сцени кои сигурно ќе ги прераскажувате кога ќе излезете од киното.
Инаку, станува збор за релативно мал филм со буџет од 17. милиони долари, а премиерата ја доживеал на фестивалот South by Southwest, каде ја воодушевил публиката. Критичарите посебно го истакнуваат фактот дека станува збор за хорор со топла приказна каква инаку не гледате кај
останатите претставници на овој жанр. Красински пак тврди дека ова во прв ред е метафора на родителството, но и филм чиј порака можете да ја примените на моменталната политичка ситуација.
Ова првото е и повеќе од јасно и филмот дава дополнителна тежина, но
овој општествен коментар и покрај се’ е тешко да се „провери“ бидејќи делува „плитко“ и „на прва топка“. Напротив, филмот функционира многу подобро ако го игнорирате.
И секако, не дозволувајте изостанокот на дијалог да ве одбие. Ова не е експеримент на трага на развиканиот „Уметник“ на Хазанивициус. Ова е на крајот, обичен, но и одличен хорор.
Одличен хорор на глумецот кој конечно успеал да ја надмине улогата на Џим Хакперт.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Атакама“ од црногорскиот писател Никола Николиќ

Вечерва со почеток во 19:00 часот, во книжарницата на „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, во рамките …