(ФОТО) За еден месец ќе има 50. години а сеуште изгледа како богинка!

По отсуството од јавноста поради „тешкото“ прекинување, се вратила поубава од било кога… Пејачката синоќа уште еднаш, на бившиот му, покажала што загубил…
Пејачката е олицетворение на гламур…
Откако кон крајот на 2016. година се повлекла од јавноста поради „болното прекинување“ со 18. години помладиот свршеник, британскиот глумец Џошуа Сасе кој ја искористил поради слава и пари а потоа ја измамил, Кајли Миног оваа година се вратила посилна и поубава од било кога и својот бивш синоќа уште еднаш го потсетила што загубил.
Австралиската пејачка буквално блеснала на својот концерт во Лондон, во сатенски розев слип фустан, со кимоно со шљокици и реси и златни сандали до глуждот со отворени прсти, а во ова издание „џепната Венера“ изгледала како вистинска грчка богинка.
Можете ли да поверувате дека оваа жена за еден месец ќе наполни 50. години? Ниту ние, бидејќи ниту нејзиното лице ниту тело не ги оддаваат нејзините години и со задоволство би ја дознале нејзината тајна за вечна младост.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …