Трамп конечно проговорил за аферата со порно ѕвездата!

Доналд Трамп прв пат проговорил за наводното плаќање на порно ѕвездата за молчење, пред изборите.Сторми Даниелс тврди дека добила 130.илјади долари.
Доналд Трамп конечно се огласил за наводната афера со порно ѕвездата Сторми Даниелс и рекол, дека не знаел дека неговиот адвокат и платил 130.000 долари за молчење, во 2016. година.
„Не“ бил одговорот на Трамп на прашањето дали знаел дека на Сторми и биле понудени пари за молчење.
Кога новинарката го прашала зошто адвокатот Мајкл Коен на порно глумицата и понудил пари, Трамп одговорил:„Тоа ќе морате да го прашате него. Тој е мој адвокат и тоа ќе морате да го прашате него“. А, на прашањето зали знае од каде му се на адвокатот парите кои и ги дал, одговорил кусо:„Не знам“.
Адвокатот на Сторми Даниелс, Мајкл Клифорд, на Твитер напишал дека се радува на „тестирањето на вистинитоста на Трамп бидејќи има недостаток од знаење“, бидејќи наводно поднел барање за сведочење на Трамп по повод понудените пари.
Инаку, ова било првпат Трамп да се огласил по тоа прашање.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …