(ФОТО) Бред Пит се дружи со професорка која многу потсетува на Ангелина Џоли!

Бред Пит доста време минувал со архитектката и професорка, Нера Оксман, која потсетува на Ангелина…
Двојката ја поврзала љубовта кон архитектурата и дизајнот.
Глумецот Бред Пит се’ повеќе време минувал со познатата архитектка и професорка, Нера Оксман, а се’ благодарение на проектот на кој Пит работел.
Бред, кој и самиот бил вљубеник во архитектурата и дизајнот, ја запознал 42. годишната Нера поради соработка на градежен проект.
„Тие двајца веднаш ’кликнаа’ бидејќи делат иста страст кон архитектурата, дизајнот и уметноста. Иако ова професионално пријателство не прераснало во врска, имаа многу потенијал за тоа“ рекол извор, близок до глумецот, за Page Six.


„Мислам дека главна причина што сеуште ништо не се случило е тоа што и двајцата се многу внимателни, поради своето минато, но Бред е фасциниран со Нера и се’ повеќе сака да минува време во нејзино друштво“, додал изворот.
Во прилог на гласината оди и неверојатната сличност на архитектката со Ангелина Џоли,а колкава е проценете сами.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …