(ВИДЕО+ФОТО) И’ премиерите „подетинуваат“: Нета со Нетанахју играла „танц на кокошката“ и му дала лижавче!

„Благодарам што избравте поинаку. Благодарам многу што ја прифативте разликата помеѓу нас. Благодарам за прослава на различноста. Благодарам. Ја сакам својата земја“ истакнала емотивната Барзилаи после победата на „Евросонг“.
„Таа е талентирана, слатка и ни донесе слава“ истакнал израелскиот премиер Бенјамин Нетанахју (68). Нетанахју се сретнал со пејачката Нета Барзилаи (25) која со својата песна „Toy“ победила на Евросонгот во Лисабон.


Барзилаи со премиерот заиграла „танц на кокошката“ и нему и на неговата сопруга, психологот Сара Нетанахју (59) им подарила лижавчиња во облик на кокошка. Тоа го напарвила во чест на својата песна „Toy“ кој е позната и како песна на кокошката. Нетанахју се пофалил со танцот со победничката на Евросонг која со недели, пред музичкиот натпревар, била фаворит на социјалните мрежи.
Додека некои коментирале дека добро се насмеале гледајќи ја снимката на премиерот и Нета, други се’ свртеле на политика и истакнале дека додека други страдаат тие танцуваат. Додале и дека тие луѓе се клинички луди.
„Танцуваат додека децата во Палестина страдаат во бомбардирања и завршуваат во парчиња“ напишале.
Израел на Евровизија не победил од 1998. година кога настапила пејачката под уметничко име Дана Интернационал (46). Нета победила на денот на Ерусалим кој се слави на 12. и 13. мај,а станува збор за годишнина на обединувањето на градот после израелската војна во април 1967. година.
„Благодарам што избравте поинаку. Благодарам многу што ја прифативте разликата помеѓу нас. Благодарам за прослава на различноста. Благодарам. Ја сакам својата земја“ истакнала емотивната Барзилаи после победата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …