(ФОТО) Скандал: Популарната глумица си заминала од „НЦИС“ поради злоставување

Перет вели дека си оди поради „криминални дејствија“ и дека за сите 15. години на сетот на серијата „системски трпела психичко и физичко злоставување“. На нејзините зборови се огласила и CBS телевизија…
Глумицата Поли Перет (49) која во серијата „НЦИС“ го глуми ликот на малку „откачената“ форензичарка Аби Скиуте, пред неколку дена, после полни 15. години го напуштила снимањето на популарната американска серија.

Перет,инаку писателка и голем борец за човекови права прво на Твитер објавила неколку многу општи причини поради кои, после 16. сезони на „НЦИС“ одлучила да го напушти сетот.


Со коментарите „жал ми е“ и „дека срцето и се крши што ја напушта најдобрата екипа на светот“, Поли објавила и порака од која може да се заклучи дека имала добри причини за заминување.

How are you today? ❤️✌🏻️

A post shared by 💎F A N P A G E💎 (@pauley.perrette) on

„Не сакам да се спуштам ниско, никогаш јавно не би говорела за тоа. Во написите во таблоидите за мене пишуваат потполни лаги. Ако им верувате оставете ме на мир. Очигледно не ме познавате“, напишала глумицата и додала дека не излегла во јавност поради почитување на колегите и страв да не ги загубат своите работи.
„Молчењето не е вистинската работа кога станува збор за злосторство“, продолжува глумицта на социјалната мрежа и додава дека „многу богати и моќни луѓе се обидуваат да ја замолчат а дека станува збор за машинерија без морал и без обврски кон вистината“.

💎⚡️💎

A post shared by 💎F A N P A G E💎 (@pauley.perrette) on

Перет вели дека си заминува поради „криминални дејствија“ и дека сиве овие 15. години на сетот на серијата „системски трпела психичко и физичко злоставување“. На нејзините зборови се огласила и CBS телевизијата која ја продуцирала серијата а во нивното соопштение стои:
„Пред неколку години Поли не предупреди на случувања кои не се примерени. Работата ја сфативме многу сериозно, и заедно со неа работевме на решавање на ситуацијата. Остануваме предадени на нашата мисија работната околина на нашите проекти да ја направиме посигурна за сите.

Со зборовите „тој го направи тоа“ глумицата јасно алудирала дека з своето заминување посебно обвинува еден човек но не наведува кој. Додава и дека веќе со години ја поддржува програмата против злоставување и дека дури сега е свесна дека неа истото и се случува со години.

„Било тоа да е во школо или на работа, никој не мора да минува низ тоа. Јас си заминав“, напишала глумицата и им порачала на сите кои трпат злоставување да не молчат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …