(ВИДЕО+ФОТО) Дојранско езеро се прелеа и ги поплави плажите: Повторно се виновни Грците!

Непосредно пред почетокот на туристичката сезона Дојран е со многу проблеми.
Како што веќе објавивме Градската плажа е скоро уништена, но во подобра состојба не се ниту другите плажи во Дојран, како и пешачката патека.
Обилните врнежи придонесуваат за прелевање на езерото, а нашето денешно видео и фотки се направени пред ресторанот „Гранико“.

Инаку, како причина за излевањето на езерото се напоменува тоа дека од грчка страна не сакаат да ги отворат каналите за одливање на водата. Доколку состојбата не се среди а врнежите продолжат, како што е најавено, Дојран ќе се сретне со сериозни проблеми пред почетокот на туристичката сезона.
Најлесно е да се обвинат соседите, а локалната власт требало на време да размислува за решавање на овој проблем а не да го префрлува на друга страна.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден пред 23 години се збогувавме од нашиот истакнат актер Јосиф Јосифовски

Јосиф Јосифовски бил роден во Велес на 29 август 1927 година. Актер кој долги години …