(ВИДЕО) Фејсбук беше во шок: Луда журка во Градиште во Охрид – Корона? Мува не ги лази!


Видеото од ИДНИНАТА на Македонија како „се журка“ во Градиште, Охрид, вчера масовно се ширеше по Фејсбук, а и коментарите беа – НА НИВО!
Впрочен како и што следи за она што се гледа на кусото видео – млади луѓе, може да ги наречеме и толпа кои се однесуваат како пуштени од ланец после неколку месечниот карантин, се забавуваат на некоја чудна музика, скокаат, сликаат со мобилните (веројатно подоцна да се пофалат), креваат столчиња…едноставно кажано – ЛУДО.


И покрај строгите протоколи и мерките за заштита иод Ковид- 19 , стотици млади се забавуваа на плажата Градиште во Охрид без никакви заштитни мерки. Градоначалникот Константин Георгиески „мува не го лази“. Инспекција? Што е тоа?
Лудата журка на Градиште е објавена на социјалните мрежи и на видеото се гледаат толпа млади како се забавуваат , без оглед на епидемијата на коронавирус, а низ цела Европа се обрнува внимание токму на големиот број новозаразени, а меѓу нив и многу млади лица, на летните журки ширум континентот…



Коронавирус лајк дис #лабаво

Gepostet von Seir am Sonntag, 2. August 2020

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …