Преносот бил прекинат откако водителката се онесвестила!
Втората телевизиска дебата во живо меѓу Лиз Трас и Риши Сунак, која требало да им даде одговори на ториевците на прашањата за наследникот на Борис Џонсон, ненадејно завршила откако водителката Кејт МекКен се онесвестила за време на преносот.
Кејт МекКен, политички уредник на TalkTV, колабирала по половина час од програмата, а гледачите слушнале силен удар пред преносот да биде прекинат. Кандидатката Лиз Трас истрчала кај МекКен за да и помогне. Подоцна било потврдено дека Кејт МекКен е добро, но дебатата не продолжила. Сунак и Трус потоа разговарале со публиката во студиото исполнета претежно со читатели на весникот The Sun.
Liz Truss and Rishi Sunak were taking part in a leadership debate on Talk TVhttps://t.co/dQbgiQd26l
— The Mirror (@DailyMirror) July 26, 2022
Портпаролот на TalkTV подоцна изјавил: „Кејт МекКен се онесвести и иако е добро, медицинскиот совет беше дека не треба да продолжиме со дебатата. Им се извинуваме на нашите гледачи и слушатели!“. Тоа беше ненадеен и шокантен крај на втората по ред дебата за новото раководство на конзервативците.
Следна на агендата на ториевците е големата партиска конференција во Лидс во четврток, каде што се очекува Риши Сунак и Лиз Трс да добијат наклоност кај членовите на партијата. Риши Сунак е британски политичар кој служел како канцелар на финансии, а претходно бил главен секретар на Министерството за финансии. На 8. јули 2022. година, тој ја објави својата кандидатура да го замени Џонсон на изборите за лидер на Конзервативната партија. Мери Елизабет Трус е британска политичарка која беше пратеничка во Југозападен Норфолк. Таа е министер за надворешни работи од 2021. година, а министер за жени и еднаквост од 2019. година. Таа имаше различни позиции во кабинетот на премиерите Дејвид Камерон, Тереза Меј и Борис Џонсон. Трус се кандидира и на изборите за лидер на Конзервативната партија во 2022. година за да го замени Џонсон како премиер.
Погледнете го клипот:
Loud crash halts next PM debate as Liz Truss shouts “oh my god” pic.twitter.com/PLIAEGNxap
— The Mirror (@DailyMirror) July 26, 2022
Фото: Принтскрин/Twitter