Се што се прави дома е сто пати повкусно, сите се согласуваме со тоа, а мајонезот не е исклучок
Една, очигледно искусна, домаќинка споделила рецепт за домашен мајонез на нејзиниот канал на Јутјуб и луѓето се воодушевени. Со повеќе од девет милиони прегледи, овој домашен мајонез е вистински деликатес. Совршена густина и вкус, оваа опција е многу поздрава од мајонезот купен во продавница и вреди да се проба.
Состојки:
100 мл млеко
200 мл масло
1,5 лажица јаболков оцет
1/2 лажичка сол
1 кафена лажичка сенф
бибер по желба
Подготовка: најпрво изматете ги маслото и млекото со миксер додека не стане кремаста структура (но не го подигнувајте миксерот од дното на садот). Потоа додадете ги другите состојки и мешајте додека смесата не се соедини и мајонезот не стане густ.
Готовиот мајонез можете да го чувате во фрижидер една недела.
Погледнете го видеото за целата процедура:
Фото: Принтскрин/YouTube