Никогаш не сте го виделе ова…
Дали некогаш сте се запрашале како би изгледало доколку ве проголта ајкула? Доколку навистина ве интересира, сега можете сами да се уверите, откако со телефонот случајно е снимена утробата на тигарската ајкула, која го проголтала телефонот на еден од туристите на Малдивите, но камерата останала вклучена.
Заштитникот на природата и режисер Зими Да Кид овој месец бил на Малдивите каде снимал документарен филм кога го привлекол вниманието на љубопитна тигреста ајкула, на која очигледно и се допаднал вкусот на неговата камера од 360 степени.
Неверојатно, и покрај тоа што била џвакана од предатор, камерата преживеала, обезбедувајќи волшебен увид во устата на ајкулата, вклучувајќи ги и нејзините жабри и заби.
Видеото е снимено во Фувахмула, јужно од Малдивите, каде популацијата на тигрести ајкули е голема.
– Ја вклучив камерата и го ставив телефонот на песок за да снимам. Ајкулата била љубопитна, ја видела оваа блескава работа и била во фазон: „Ајде да ја пробам“ – изјавил Зими за Independent.
View this post on Instagram
29-годишникот рекол дека сака да ја промени негативната перцепција што луѓето често ја имаат за ајкулите.
– Кога ајкулите касаат луѓе, тоа не е затоа што сакаат да не изедат, туку затоа што гледаат некого и се љубопитни, па само гризат – рекол режисерот.
Откако беше споделено на Инстаграм, видеото собра илјадници лајкови, а гледачите останаа воодушевени од неверојатната и, мора да се признае, застрашувачка глетка.
Фото: Принтскрин/Instagram