(ВИДЕО) Џорџ Клуни признал: „Амал и јас направивме глупава грешка во воспитувањето на децата!“

Џорџ Клуни се пошегувал дека тој и неговата сопруга Амал направиле „глупава“ грешка во воспитувањето на нивните тригодишни близнаци Александар и Ела.
За време на гостувањето во шоуто Jimmy Kimmel Live!, Клуни открил дека нивните деца, и покрај нивната возраст, многу добро знаат италијански јазик. Тој и Амал не знаат.
„Направивме глупава грешка да зборуват италијански. Притоа, мислам дека го зборуваат течно на тригодишна возраст. Јас не зборувам италијански јазик, сопругата не зборува италијански, па затоа им дадовме оружје”, рекол тој.
Тој додаде дека поради тоа, тие имаат проблеми со задачи како што е чистење на собата.


„Јас им велам да одат да ја исчистат собата и тие ми одговораат:‘Eh, papa stranzo'”, раскажал тој, шегувајќи се дека е од Кентаки, така што англискиот му бил втор јазик.
Открил и дека животот му се променил за време на пандемијата, па морал сам да ги извршува домашните работи, како што се перење алишта, подови и садови. На прашањето на Кимел дали е успешен во тие работни задачи, тој одговорил: “Веројатно не, но барем некое време без ангажиран. И не влегував во псобата каде што се деца кои говорат италијански јазик”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …