(ВИДЕО) Автограмот од Златан Ибрахимовиќ ова дете ќе го памти – а можеби и носи цел живот!

Златан Ибрахимовиќ успеа да дојде до 500. голови во текот на својата кариера.
Во поразот на својот „Лос Анџелес Галакси“ од Торонто, мрежата на домаќинот тој ја затресе на доста ефектен начин.


Ибрахимовиќ после мечот „го бркаа“ од сите страни, затоа што во Торонто го видоа сега и можеби никогаш повеќе.
А каков шоумен е Ибра не мора да зборуваме, тој после мечот делеше автограми, а потоа тргнал кон автобусот. Меѓутоа таму слушнал како го вика едно дете, па се вратил и му се потпишал на челото.Сирото дете – добило автограм но ако бил напишан со фломастер ќе има тешки маки да си го исчисти челото.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …