Миленикот на Турција но и Балканот па и пошироко, Бурак Оџивит, сега е среќно женет, но не бил секогаш многу среќен во љубовта…
Бали бег, го изговори судбоносното „Да“ на преубавата колешка Фахрие Евџен пред нешто повеќе од една година. Парот се заколнал на вечна љубов и од тогаш уживаат во брачниот живот.
Иако сега му „цветаат рози“, на славниот заводник не му било така секогаш. Имено,негова голема љубов, девојката која ја сакал пред Фахрие, му го скршила срцето.
Станува збор за поранешната водителка на Фешн Тв, Џејлан Чапи.
Имено Џејлан и Бурак се сакале 2,5 години. Раскинале во 2014. година, а долго се шпекулирало која е причината.
На шармантната бринета родителите се’ и обезбедиле, додека актерот морал се’ сам да заработи. Набру, поради разликата во карактерите се’ почесто се карале, а богатото семејство на Џејлан не го прифатило Бурак.
Разделбата била неизбежна, а Бурак останал со скршено срце.
Но, сега состојбата е драстично сменета, а бившите „баба и дедо“ сега можат само да му признаат на Бурак дека за тие неколку години направил завидна кариера, за што е најзаслужна улогата на Бали бег во „Сулејман Величествениот“, со што од манекени премина во глумци.