(ФОТО) Поради витилигото добивала навреди цел живот а денес е најпозната манекенка со „необичен изглед“ која недостатокот гордо го носи по модните писти!

Вини Харлоу во интервју раскажува какви проблеми имала на училиште, кога ја нарекувале крава или зебра, за тогаш да реши дека ништо нема да ја запре за да стане славна…

Најпознатата манекенка со невообичаен изглед, Вини Харлоу стана едно од заштитните лица на Victoria’s Secret.


View this post on Instagram


Felt like the 90’s ✨

A post shared by ♔Winnie Harlow♔ (@winnieharlow) on


Вини е единствен модел со витилиго, изразена депигментација на кожата, која ќе ја носи ревијата на овој престижен бренд за долна облека. Вини и минатата година се обидела да стане ангел на Викторија, но не успеала. Кога дознала дека годинава ќе биде главна на најпознатата ревија на светот, Вини им се
заблагодарила на сите кои и помогнале да успее. Таа ја спомнала колешката Тајра Бенкс, која пред четири години прв пат и дозволила да настапи во шоу, по што кариерата и тргнала во нагорна линија.

Се проценува дека договорот и ја здебелил сметката за три милиони долари.Витилигото на Вини и било дијагностицирано кога имала само четири години. Таа во интервју раскажува какви проблеми имала на училиште, кога ја нарекувале крава или зебра, за тогаш да реши дека ништо нема да ја сопре за да стане славна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …