(ВИДЕО) Американка свирела флејта додека и го оперирале мозокот!

Лекарите и вградиле електроди за да и ги редуцираат „треморите“ (тресење), а Хенри за цело време на зафатот била будна за да можат да проверат дали електродите делуваат…
Американската музичарка свирела флејта додека лекарите во болница во Хјустон, Тексас (САД), и го оперирале мозокот за да и отстранат тремор кој би можел да и ја уништи кариерата, пишува Daily Mail.


Професионалната флејтистка, Ен Мари Витлок Хенри страдала од наследена состојба која предизвикува тремор во рацете, а кој последните години многу се влошил.
Лекарите и вградиле електроди за да ги редуцираат треморите, а Хенри во текот на целиот зафат била будна за да можат да проверат дали електродите делуваат.
На видеото кое го снимило персоналот на болницата може да се види како лекарите и медицинските сестри ја наградиле Хенрис со аплауз откако ја завршила изведбата.


Хенри со треморите се борела уште од детството.
„Не можам повеќе да се борам со тоа, се уморив. Станува се’ потешко. Знаев дека е прашање на време кога ќе морам да одам на операција или да се откажам од кариерата. Благодарна сум на можноста да го решам овој проблем, за разлика од мојот татко кој мораше да живее со тоа“, рекла Хенри додавајќи дека уште неколку членови на нејзиното семејство го имаат истиот здравствен проблем.
На истата операција била и изрелската виолинистка Наоми Елишив
На истата операција во 2014. година била и изрелската виолинистка Наоми Елишив.
Началникот на хируршкиот оддел на болницата „Сорајски“, Јитџак Фреид, рекол дека никогаш порано не оперирал пациентка која во исто време „му одржува привтен концерт“.
„Мораше да свири за да можеме со сигурност да знаеме дали е отстранет треморот“ рекол Фреид, и појаснил дека зафатот бил извршен со вметнување на електроди од 1,3 милиметри преку дупка во черепот.


Додал и дека Елишив од тогаш без проблеми може да свири виолина, пишува и да држи чаша во раце без тие да се тресат.
„Жал ми е што порано не знаев за оваа операција. Треморот ми ја запре кариерата, но сега ќе се вратам на нормалниот живот“ рекла задоволната Елишив, некогашна членка на Литванската национална и Изрелскиот камерен оркестар на филхармонијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …