(ФОТО) TripAdvisor избрал:Ова е најдобриот град за патување во 2018. година!

На TripAdvisor советуваат дека секој патник во Градот на светлината мора да проба „pai au chocolat“, да оди на прошетка покрај Сена, да ги посети Ајфеловата кула и Триумфалната капија.
Интернетската платформа за патниците на TripAdvisor ја исфрлил својата традиционална листа на најдобри дестинации во светот, која се работи според рецензиите и мислењата на милиони нивни корисници од целиот свет.

Париз се нашол на врвот на листата од 25. најдобри дестинации во 2018. година, што и’ не чуди бидејќи станува збор за место на кое се испреплетуват прекрасна архитектура, богата историја, исклучителна културна понуда и спектакуларна гастрономија.
На TripAdvisor советуваат дека секој патник во Градот на светлината мора да проба „pai au chocolat“ (чоколадна пита) , да оди на прошетка покрај Сена, да ги посети Ајфеловата кула и Триумфалната капија.


Лондон


Рим

На второ место на листата се нашол Лондон, а бронзениот медал му е доделен на главниот град на Италија, Рим.


Бали

Минатогодишниот победник на оваа анкета – Бали – се нашол на четвртото место, а свое место меѓу 10. најдобри дестинации пронашле и Крит, Барселона, Прага, Маракеш, Истанбул и Њујорк.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најголемото велигденско јајце во Македонија

Во село Мокрино, вгнездено во Струмица, Велигден носи посебна традиција. Годинава во центарот на вниманието …