(ФОТО) Изгледајте,цел ден, одлично со Tucker Shirt-Stay од Signori!

Иновативен производ од македонскиот луксузен машки бренд Signori
За македонскиот бренд кој изработува уникатни и квалитетни машки одела, Signori, луксузноста е во деталите. Благодарение на вниманието кое го имаат за потребите на своите клиенти во процесот на консултација деталите ги водеа Signori до новиот и иновативен моден елементTucker Shirt-Stay.
Основачите не Signori, Крис Поповски и Ненад Пантовиќ,многу добро знаат дека изгледот е клучен. Тие во својата потрага за соодветни решенија за стил, удобност и функционалност не беа успешни па затоа си создадоа сопствено решение.
Новиот пристап ги поттикна Signori на непредвидлив начин да решат еден значаен машки моден предизвик. Tucker Shirt-Stay моментално е еден од наједноставните и најудобнитемодни елементи за задржување на кошулата во панталоните, без нејзино растегнување при движењата во текот на денот.

Овој производ на уникатен начин користи еластична тензија за впечатлив имиџ. TuckerShirt-Stay е удобен и прикриен. Со гумените држачи и слотот за копчиња гарантира дека кошулата ќе остане уредна, држејќи ја ниско и блиску до телото без непријатен изглед и чувство.
Tucker може да се користи за кошули, поло маици, обични маици и блузи. Дизајнот е прилагодлив за мажи и за жени кои го бараат најдоброто за својот изглед.
После една година на тестирање и експериментирање со различни дизајни, ткаенини, и решенија тие сега се подготвени да го споделат своето откритие со светот. Во склоп на тоа, од вторник, 03.04.2018, на Kickstarter (www.kickstarter.com) и на официјалните профили на социјалните медиуми на Signori ќе може да се поддржи лансирањето на овој иновативен македонски бренд.
За Signori и TuckerShirt-Stayнивната официјална веб страна има повеќе информации на: www.tucker.mk


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: на денешен ден не напушти нашиот истакнат вајар и академик Димо Тодоровски

Димо Тодоровски е роден во Солун на 11 декември 1910 година. Тој беше истакнат македонски …