(ВИДЕО) „Аманет” промовираше нова народна песна, полна со емоции

„Аманет” е најновата песна на тетовчаните „Фортисимо” кои веќе подолго време се присутни на нашите фестивали за народна музика, преку соработки со познати композитори и музичари, а поради вниманието и љубовта кон она што го работат, важат и за едни од најпочитуваните музичари во Полошкиот регион.
За нивната најнова песна, снимија и спот, првенче, а како локација беше избрано селото Галичник.
„Песната во себе носи една тажна приказна, но наша реалност. Оваа тема пред се е посветена на сите мајки кои поради туѓината, се разделени од своите чеда, но ја посветуваме и на сите наши Македонци кои се далеку од својот роден крај, насекаде низ светот. Спотот го снимавме во селото Галичник, пред се поради симболиката на целото ова место кое некогаш било полно со луѓе и живот, а денеска за тоа сведочат само куќите и неколкуте жители таму, велат од бендот, составен од 5-мина професионални музичари, одлично познати на полошката публика, бидејќи станува збор за докажани имиња на кои долги години музиката им е најважното нешто во животот.
Музиката и аранжманот за „Аманет” се дело на Бобан Мојсоски, а текстот на Драган Таневски, додека спотот е снимен во соработка со студио „Ѓоровски”.
После двете теми, „Од каде ти” и „Аманет’, од „Фортисимо” најавуваат уште една новитети за кои допрва ќе информираат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …