(ВИДЕО) Балкан Бенд и Сузана Гавазова ја промовираа темата „Камикази”

Момците од „Балкан бенд” и Сузана Гавазова ја промовираа песната „Камикази”, која е нивна прва дуетската соработка.
„Квалитетната авторска музика и понатака останува наш приоритет. Сакаме да експериментираме со музичките стилови. Тоа се гледа и во нашиот најнов проект. Можеби тој пат е потежок и е подолг процес, но затоа одиме чекор по чекор, односно албумот кој ни е во план, не го снимивме одма, туку издаваме песна по песна, за да потоа го комплетираме истиот и го промовираме. Веруваме во она што го работиме. Верувавме и во овој цел проект. Со тимот имавме одлична соработка. Сузана е вистински професионалец“, велат момците од Балкан Бенд.


„ Навистина сум презадоволна од тоа како на крај звучи и изгледа целиот производ. Нашите соработници се потрудија да ни направат ултра модерна песна и интересна. Момците од „Балкан Бенд” се позитивни и креативни. Беше лесно да се работи со нив. Снимањето во студио, снимањето на спотот, се течеше одлично“, вели Гавазова.

Музиката и аранжманот се на Дејан Момировски, текстот на Борче Нечовски, додека пак спотот го изработи Дарио Јанковиќ. Истиот се снимаше на неколку локации низ Македонија, повеќе денови,а првите коментари кои веќе пристигнуваат на адреса на целиот овој тим се дека очекувањата на публиката се оправдани.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …