(ВИДЕО) Кеба сними песна на македонски јазик

Популарниот српски пејач, Драган Којиќ – Кеба, кој досега има снимено песни и на романски, грчки, бугарски, ромски, кинески јазик, како што вели, во знак на благодарност кон омилената македонска публика, снимил песна на македонски јазик во соработка со нашиот Борче Нечовски, кој го напиша текстот.

Темата носи наслов „Животот нема боја”, а музиката е на самиот Кеба, додека аранжанот е дело на Милош Кариќ.
„Одамна имав желба да снимам песна на македонски, поради големата почит кон македонската публика која навистина ме сака и ја цени мојата музика. Борче од нашите заеднички дружења, знаеше за мојата желба да напише еден убав текст. Еве тоа и го направивме и сметам дека песната ги има сите елементи да биде хит и да остане да се слуша и понатака. Знам дека песната ќе ја засакаат и во Србија и ќе ја пеат како што се пеат сега познати македонски песни#, вели Кеба.
Кеба додава дека наското песната ќе доживее и српска верзија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

SoundEdge објавија две нови песни

Музиката што долго време лебдеше во воздухот на SoundEdge студиото, што излегуваше и влегуваше од …