(ВИДЕО) Албански филм со три сцени што треба да се гледа повеќе пати

Колку филмови и серии сме гледале во животот или сме читале книги без на нас да остават никаков впечаток, а камоли да научиме нешто од нив. Затоа овој албански двоминутен филм никогаш никого не остава рамнодушен.
Ако одвоите само две минути од вашето време, ќе бидете потсетени што значи сожалување, но и восхит во исто време. Филмот се состои од три сцени – што е сосема доволно да се погледнеме во огледало и да се запрашаме – колку пати сме се фатиле себеси да судиме некого, дури и без да знаеме каков е неговиот живот?
Колку пати сме се налутиле дека некој доцни без да се прашуваме која е причината?
Во тие моменти, преовладува дека нашето време не било почитувано и тоа е единственото нешто што не интересира.
„Прекрасно, јас веќе го искористив за часови по граѓанско образование, и секој пат солзите ми ги исполнуваат очите. Се’ што беше кажано за моралот и човечноста за неколку минути и без зборови” и “Мило ми е што го гледав овој филм. Големина на човек. Колку пати сме згрешиле во животот, дури и без да го знаеме тоа“, се само дел од бројните коментари на луѓето што го гледале филмот.


Филмот е албански и се вика „Не осудувај“ и е дело на Елвис Наци, албански теолог и имам. Досега има околу 2,5 милиони прегледи на YouTube.

Фото: Принтскрин/YouTube/Elvis Naçi


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …