Технологијата што се користи за производство на вакцина Оксфорд-АстраЗенека против Ковид-19 може да помогне во лекувањето на ракот, велат научниците.
Научниците смислија вакцина која ќе ги таргетира туморите, и таа работи на истиот принцип како и вакцината АстраЗенека, пишува Sky news.
Кога била тестирана на глувци, вакцината го зголемила бројот на антитуморни Т-клетки кои ги напаѓаат канцерогените израстоци, што помага да се зголемат стапките на преживување.
За да се создаде оваа терапија, научниците дизајнирале вакцина која цели два типа протеини кои се присутни на површината на многу видови на клетки на ракот.
„Се надеваме дека вакцината може да се користи за лекување на рак кај луѓето, заедно со имунотерапија. На овој начин, Т-клетките на пациентот се охрабруваат да се свртат против туморот“, велат од Кралскиот колеџ во Лондон.
Anti-PD-1 имунотерапијата често е неефикасна, бидејќи некои пациенти имаат ниско ниво на потребните Т-клетки. Но, научниците откриле дека вакцината го зголемува нивото на неопходните CD8 + Т -клетки инфилтрирани во туморот, помагајќи да се зголеми ефикасноста на терапијата.
Вакцината од Оксфорд крие потенцијална терапија за рак
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.