ИДЕАЛНИ ЗА ВО ГРАД: Ова се најтесните автомобили на пазарот

ГОЛЕМИНИТЕ на паркинзите се исти со децении. Автомобилите не се.
Логиката вели дека работите се менуваат со текот на времето, и ако ја земеме предвид зголемената големина на автомобилите, јасно е дека автомобилите стануваат се потешки за движење низ градските улици изградени пред 50 или повеќе години. Маневарските својства се донекаде подобрени со вртливата задна оска, но оваа технологија е реткост и достапна само кај скапите (и големите) автомобили.
Ако го исклучиме т.н „паркинзи за жени“, стандардот е 6 х 2,5 м. И додека пред триесет години просечниот автомобил се мереше до 180 см во ширина, денес има автомобили пошироки од два метри. Ако има двајца на паркингот, јасно е дека нема да има простор.

Во потрагата по најтесните автомобили, наидовме на неколку изненадувања. Првото е дека Smart не е најтесниот. Ширината на последната генерација е 175 см со ретровизорите, што е, вистина, меѓу подобрите резултати. Новиот Smart се прошири на дури 189 см, или 166 см без ретровизори. Малите градски автомобили се тука некаде, така што Citroen C1 оди до 188 см (161 см без ретровизори), Фиат 500 до 187 см (163 см без ретровизори), и Hyundai i10 до 187 см (166 см без ретровизори.)

Во сегментот на градски автомобили, Хонда е најтесна затоа што има камери наместо ретровиори. Ширината е 175 см. Остатокот од конкуренцијата е до 190 см со ретровизори, барем кога зборуваме за претходните генерации (Citroen C3 188 см, Ѕkoda Fabia 189 cm …)
Апсолутно најтесниот автомобил е, ако можеме така да го наречеме, Twizzy. Благодарение на архитектурата на квадрицикл со едно седиште, ширина е само 139 см.
Ако барате вистински автомобил, апсолутен победник е Kia Picanto со ширина од 159 см без ретровизори.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …