УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ УШТЕ УТРЕ: Температурите ќе достигнат до 27 степени

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Утре (вторник) во Македонија ќе имаме вистинско пролетно и сончево време, со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.


Сепак во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено утре. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време.


Од среда попладне ни следува нова голема промена на времето, и тоа поради влијание на циклон од Медитеранот. Детална анализа околу ова следува во следните наши метео објави.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Свирка на Benjamin Whitehill во СЦ Дуња

Во понеделник, на 20 мај 2024 година, во Социјалниот Центар ДУЊА во Скопје, ќе може …