Ужасно злосторство: Актерка убиена додека го чекала нејзиниот син (11) да заврши со тренингот

Мексиканската актерка и пејачка Тања Мендоза е убиена пред спортски комплекс додека го чекала нејзиниот 11-годишен син да го заврши тренингот во фудбалската академија во државата Морелос.
Актерката чекала заедно со другите родители кога со мотор поминале двајца вооружени мажи. Еден од нив пукал во неа неколку пати, а потоа со соучесникот побегнал.
Ова убиство не е изолиран случај, според официјалните податоци минатата година во Мексико биле убиени повеќе од 3.600 жени.
Организацијата за човекови права „Амнести интернешнал“ објавила дека околу една третина од жртвите, околу 940, биле убиени со предумисла, а причина за убиството е исклучиво нивниот пол, нарекувајќи го „шокантна епидемија“.

Мендоза (42) се прослави во 2005 година откако глумеше во La Mera Reina del Sur. Глумеше и во бројни сапуници, но во последните години беше посветена на пејачката кариера и сними пет албуми.
Во 2010. година била киднапирана од перална за автомобили со нејзиниот сопруг и синот, кој тогаш имал шест месеци. Оттогаш, таа пријавила неколку смртни закани до Канцеларијата на државниот обвинител Морелос.


Засега не е јасно кој стои зад убиството на Мендоза, ниту некој можен мотив. По пукањето полицијата почнала да трага по осомничените, но никој не бил уапсен.
Обвинителството соопштило дека случајот ќе се истражува како фемицид, иако не биле соопштени детали.
Да потсетиме, Мексико страда од високо ниво на криминал, а голем дел од него е поврзан со нарко-картели. Фемицидот е сè поголема загриженост, но и покрај зголемениот број движења кои се залагаат за подигање на свеста за ова прашање, властите не успеале да го спречат порастот на убиствата.


Според Амнести, случаите ретко се истражуваат и повеќето насилници остануваат неказнети.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …