(ФОТО) ИЗДАДЕНА НАРЕДБА ЗА ПРЕБАРУВАЊЕ НА ТЕЛЕФОНОТ НА АЛЕК БОЛДВИН: Судот ги бара сите ПОРАКИ, фотографии и видеа, НО И ОНИЕ КОИ СЕ ИЗБРИШЕНИ!

Издадена е наредба за претрес на мобилниот телефон на актерот Алек Болдвин во врска со смртоносното пукање на Халина Хачинс за време на снимањето на филмот „Rust“, ​​се вели во судските документи објавени во четвртокот од округот Санта Фе.
Судијата потпишал наредба во четвртокот, во која се наведува дека Болдвин, заедно со неговиот адвокат, бил замолен да го предадат телефонот, а на детективот му било кажано да „побара судски налог“, пренесува CNN.


Официјалните лица бараат да ги добијат пораките, евиденција на повици, дигитални фотографии и видеа, како и сите приватни пораки испратени на платформите на социјалните мрежи поврзани со производството на „Rust“, се наведува во налогот. Исто така, бараат да ги добијат сите избришани видеа, фотографии и пораки на телефонот што се поврзани со филмот.

View this post on Instagram

A post shared by Breaknlinks (@breaknlinks)


Да потсетиме, директорот на фотографија, Халина Хачинс, почина откако Болдвин несакајќи ја застрелал и ја убил додека снимала сцена во филмот, а повреден беше и режисерот Џоел Соуза.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …