Како да знаете дали сте заразени со омикрон? Ова се најчестите симптоми!

Научното списание British Medical Journal ги објави најчестите симптоми на инфекција со омикрон.
Податоците за најчесто пријавените симптоми на омикрон беа собрани во студија спроведена од здравствената компанија Zoe во соработка со Кралскиот колеџ во Лондон.

Петте најчесто пријавени симптоми се:
– течење на носот
– главоболка
– замор (и благ и тежок)
– кивање
– воспалено грло.
Првичната анализа беше спроведена на потврдени случаи на омикрон во Лондон. Главниот град на Велика Британија е избран поради поголемото присуство на омикрон отколку во другите делови на Обединетото Кралство.


Кои други симптоми се на списокот?
Списокот на симптоми што го објави британската влада вклучува и треска, кашлица и губење на чувството за мирис и вкус, кои беа најчестите симптоми на оригиналната алфа варијанта на короната.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави режисерот Константин Плевнеш

Константин Плевнеш е роден на 4 мај 1982 година во Скопје, во семејството на познатиот …