УШТЕ ЕДНА пресвртница – Јелена Ѓоковиќ сподели видео од танцот со Новак: „Ја славиме неговата афера, но на сопругата не и пречи!“

Сопругата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, сподели видео на кое се гледа како парот танцува, а сето тоа во чест на неговата 378-ма недела на врвот на АТП листата.
Јелена објави видео од парот како танцува со широки насмевки на лицата, а за музика во позадина ја избра песната на Тина Тарнер „The Best“.
„Со гордост ја славиме тениската љубовна врска на Новак, за која зуи цел свет – а жената не се лути“, се пошегувала госпоѓа Ѓоковиќ.

„Новак е најдобриот тенисер во светот најдолго во историјата на тенисот“, објаснила Јелена.



Ѓоковиќ токму денес ја достигна оваа историска пресвртница во својата кариера, надминувајќи го рекордот на Штефи Граф која мина најмногу недели како број еден на листата.
Српскиот тенисер веќе го држеше рекордот со најмногу недели на врвот на АТП-листата во историјата (од 1973 година) кога ја надмина границата на Роџер Федерер од 310 недели во март 2021 година, а сега ја престигна Граф почнувајќи ја својата 378-ма недела на врвот.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …