(ВИДЕО) Емотивен говор: Брендан Фрејзер се расплакал на сцената откако ја примил наградата

Холивудскиот актер Брендан Фрејзер, на синоќешното доделување на наградите SAG, ја освои наградата за извонредна изведба на актер во филмот The Whale и бил обземен од емоции на сцената кога ја прими наградата.

Почестен со наградата, актерот се расплакал додека го држел својот говор, опишувајќи дека ка остварил „улогата на животот“ во The Whale . 54-годишниот актер се отворил за своите борби во филмската индустрија, повикувајќи ги другите актери да „останат“ и само „да продолжат да чекорат“.


Улогата што му го промени животот
Тој речиси веднаш стана емотивен, изјавувајќи дека никогаш не би поверувал дека ќе му биде понудена улогата што му го променила животот кога ја започнал кариерата во 1999 година.


„Тогаш да му кажевте на оној тип дека ќе застане овде, немаше да ви верувам, немаше да верувам дека ќе работам со режисер од светска класа како Дарен Аронофски и ќе ги кажам тие неверојатни зборови на моите неверојатни колеги од актерската екипа и никогаш не би поверувал дека ќе ми ја понудат улогата на мојот живот“, изјавил тој.
Тој со солзи додал дека се чувствува многу како неговиот Чарли, депресивен и дебел човек кој очајно сака да и надомести на својата ќерка.

Искрено признание
„Чарли е на сплав од жалење во морето на надежта и јас бев на тоа море јавајќи го тој бран и беше моќно и добро, но исто така тој бран ме удри до дното на океанот и ме влечеше а јас завршив на чудна плажа прашувајќи се: ‘Каде сум сега?’“, признал тој пред присутните.

Да потсетиме, актерот порано тврдеше дека претходно бил на црната листа на Холивуд, откако тврдеше дека го малтретирал тогашниот претседател на Здружението на странски печат на Холивуд, Филип Берк.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …