(ФОТО) Пред неколку месеци се бореше за своето здравје, а денес: „Дали е ова истата личност?

Британскиот супермодел Кара Делевињ присуствуваше на доделувањето на SAG наградите во 2023 година и прошета на црвениот тепих во елегантен фустан.
Црниот тоалет дизајниран од модната куќа Каролина Херера одлично и прилегаше, а цветните мотиви во пределот на градите го истакнаа нејзиниот врат, но и градите. Целиот изглед го комплетираше со дијамантски обетки и огрлица и ефектна шминка.

This image has an empty alt attribute; its file name is kara-deelabinj.jpg


Да потсетиме, пред неколку месеци, поточно, во септември минатата година, британскиот супермодел Кара Делевињ изненади многумина со своето однесување во јавноста. Фотографи од странските медиуми ја фотографираа во дезориентирана состојба, како нервозно зборува на телефон, без чевли – само во чорапи. „Page Six“ тогаш напиша дека семејството на Кара очајно се бори за нејзиното ментално здравје.

View this post on Instagram

A post shared by SAG Awards® (@sagawards)


Врз основа на актуелните фотографии и оние од пред неколку месеци, се гледа дека Кара направила драстична промена, и дека полека закрепнува. Тоа го забележаа и корисниците на социјалните мрежи, кои најмногу пишуваа позитивни коментари.
„Дали е ова истата личност, убава е“, „Секогаш била убава“, „Каква жена“, беа само дел од коментарите.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …