ТВ Серијата „Нормални луѓе“ повторно ја вознемирила јавноста: 22. минути секс објавен на „Pornhub“

Серијата која се емитува на „BBC“, минатата недела се најде во центарот на вниманието на медиумите, поради 41-минутниот експлицитен секс, а гледачите тврдат дека е навистина реален.
Продуцентите на серијата „Normal People“ морале да побараат од Pornhub да ги отстранат сцените од серијата. После нивната интервенција ‘сочното’ видео е отстрането.
Минатата недела, некој на најпознатата страница за возрасни вчитал 22-минутен секс од серијата, пренесува „Variety“.
„Разочарани сме што некој ги искористил сцените од серијата на тој начин. Освен што е прекршување на авторски права, уште полошо е непочитувањето кон актерите и креативниот тим на серијата“, порачал извршниот продуцент Ед Гини.
„Ги преземавме неопходните мерки за видеото веднаш да се отстрани од таа платформа“, додал тој.


Потпретседателот на Pornhub, Кори Прис, тврди дека видеото веднаш го отстраниле од нивната страница.
„Pornhub се придржува до законот. Ги почитуваме авторските права и штом сфативме дека таква снимка е објавена кај нас, веднаш ја отстранивме“, додал тој.
Серијата која се емитува на „BBC“, минатата недела се најде во центарот на вниманието на медиумите, поради 41-минутниот експлицитен секс, а гледачите тврдат дека е навистина реален.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …