(ВИДЕО) Бракот на Меган Фокс пропаднал поради ова видео:Премногу страст помеѓу неа и раперот!

Актерот Брајан Остин Грин неодамна објави дека после 10. години брак неговата сопруга Меган Фокс, инаку која многумина ја оквалификуваат како најубава жена во светот, го оставила, но не навлегувал во детали, за да сега едно видео без зборови ги објасни причините на разделбата на актерите кои имаат три деца…
Парот кој пред неколку години веќе го најави разводот, па Меган ненадејно се појави со труднички стомак и насмеана покрај сопругот, овојпат дефинитивно става точка на својот брак. Ваквата информација ја потврдил Брајан за американските медиуми кој изјавил дека секогаш ќе ја сака актерката со која има три сина, како и дека таа чудно се однесувала за време на снимањето на најновиот филм.


Папараците пред неколку дена ја фотографирале убавата Меган со раперот Машин Ган Кели, со кого моментално го снима филмот “Midnight in the Switchgrass”, а сега се појави вест која како бомба одекна во американските медиуми.
Фокс се појавува во новото видео на младиот рапер, со кого е очигледно многу блиска, за песната “Bloody Valentine”, а во видео спотот двајцата се тркалаат по креветот и делуваат многу опуштено еден покрај друг…


Фановите на Меган и музичарот ги издвоиле овие фотографии како највпечатливи од видеото, за кое се вели дека го развело еден од најпопуларните парови во светот на славните.



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …