„Тука, но некаде другаде” групна изложба во галерија Шкуц

Денес (15 декември) во 19 часот е отварањето на изложбата „Тука, но некаде другаде” (Here, but somewhere else) во галеријата Шкуц во Љубљана. Оваа изложба се реализира како соработка меѓу организација за промоција на женската активност Тиииит! Инк. од Скопје и галеријата Шкуц во Љубљана. Изложбата се реализира во склоп на единаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО.

Изложбата „Тука, но некаде другаде”, ги истражува универзалните човечки искуства на мобилност, движење и припадност преку лични приказни. Прикажува дела на седум уметници чии практики комбинираат локални и регионални перспективи. Делата на Невена Алексовски, Елена Чемерска и Ивана Мирчевска, Ана Чворовиќ, Андреа Кнезовиќ, Илија Прокопиев и Ленка Ѓоројевиќ ги вткајуваат заедно динамиката на раселеноста, транснационалните идентитети, колективноста и променливото чувство на припадност на оние кои ги минуваат границите.


Нивните дела истражуваат интимни картографии на припадноста – без разлика дали е доброволна, присилна или замислена, низ времето. Замислено како долгорочна иницијатива, „Тука, но некаде другаде” нè предизвикува да мислиме на луѓе наместо на географии, да ги замениме омразата и стравот со солидарноста. Наместо да има за цел да прикаже фиксна перспектива или да докаже нешто, таа го свртува погледот кон промената, како се стигнува до неа и како таа влијае на нас и нашите заедници.

Кураторка на изложбата е Јана Старделова.


Фестивалот Прво па женско е поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, The Sigrid Rausing Trust и Министерството за култура на РСМ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …