Споменар: 20 кратки и интересни одговори со Сашо од „Паркети“

Во рубриката „Споменар“ нашите познати личности одговараат на 20 кратки и интересни прашања по теркот на споменарите што беа актуелни кај тинејџерите во 80те и 90те години пред интернетот да стане главна занимација. Се надеваме дека за миг ќе ви ги „разбудиме“ најубавите спомени …

Денес ви го презентираме „споменарот“ на фронтменот, вокалист и гитарист на култната битолската група „Паркети“ – Сашо Паркет. Уживајте !


1.Во колку часот се будиш?

  • Во моето поткровје се е отворено и кој да се разбуди ги буди сите….така да речиме измеѓу 6 и 7 саато…ко ќе се вратам од свирка касно пробвам малку да поспиам поќе.

 


2. Кој ти е прекар?

  • Сашо Паркет…ко дете имав некој други али нема везе

 


3. Што си во хороскоп?

  • Водолија…21 јануари точен датум

 

4. Кој ти е омилен пијалак?

  • Свежо цеден овошен сок

 

5. Која ти е омилена боја?

  • Некои пастелни што ми стојат ко за на алишта

 

6. Кое ти е омилено јадење?

  • Вегетаријанец сум 28 години…омилено мие лазања вегетаријанска

 

7. Која ти е омилена книга?

  • Од проза „Браќа Карамазови“, а духовни книги „bhagavad gita“

 

8. Кој ти е омилен филм/серија?

  • Филм mad max 2 ..serija monty pajton

 

9. Кој ти е омилен спорт?

  • Планинарење

 

10. Што знаеш најубаво да зготвиш?

  • Готвам вегетаријански јадења..на пример знам pasta и pizza убо да прам

 

11. Кое е твоето омилено годишно време?

  • Мразам ладно и дождливо…омилено ми е медитеранско лето

 

12. Со кога сакаш да снимиш дует?

  • Дует би сакал со Ринго Стар, али неможи…па ете со Давор Гобац или Цане од Партибрејкерс

 

13. Која е твоја најдобра и најлоша особина?

  • .. Неам добри особини само лоши имам

 

14. Кој е твоја омилена македонска песна?

  • Кажи зошто ме остави

 

15. Омилен пејач/ка, група (македонски)

  • Чоканче

 

16. Најубаво место што си го посетил

  • Индија или од овде Ријека и околија

 

17. Како се викаше првата ваша девојка/дечко

  • Наташа од 3то А, а може и во 4то бевме

 

18. Со кого го пиеш утринското кафе

  • Не пијам кафе, пијам црн чај со книга

 

19. Кој е твојот омилен музички македонски албум?

  • Првио албум Ристо Бомбата

 

20. Кој е твојот омилен глумец/ца од Македонија?

  • Ристо Шишков и Дарко Дамески

Поздрав паркетски

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …